Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја остварија четвртата победа во Ла Лига оваа сезона откако на гости ја совладаа Осасуна со 0-2. Сега тимот на аргентинскиот стратег Диего Симеоне се наоѓа на петтата позиција на табелата со 13 бода.
Антоан Гризман во 20.минута го отвори резултатот, а победата ја потврди Рикелме во второто полувреме.
На овој меч беа покажани и два црвени картони, за Авила кај Осасуна и за Мората кај Атлетико Мадрид.