Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е повторно повикан во репрезентацијата на Шведска за квалификациските натпревари за СП 2022 против Косово и Грција и покрај повредата на коленото поради која го пропушти ЕП.
Шведскиот селектор Јане Андерсон го покани Ибрахимовиќ во националниот тим, кој ќе наполни 40 години на 3 октомври, откако Шведска претрпе пораз од Грција со 2-1, и ја совлада Шпанија во квалификациите за Светското првенство.
“Решив да го вклучам бидејќи се надевам и верувам дека може да придонесе. Зад него е период на повреда, но ситуацијата се подобрува секој ден”, ја објасни Андерсон својата одлука.
Шведска во моментов е втора во групата Б со девет бода зад водечката Шпанија и со три бода предност пред Грција. Натпреварот против Косово е закажан за 9 октомври, а против Грција три дена подоцна, и двата се играат во Стокхолм.