„8ТВ“ објави, а „Ел Мундо Депортиво“ потврди дека неименувана компанија со седиште во Дубаи и понудила на Барселона заем од 1,5 милијарди евра за враќање на ликвидноста, под одлични услови-ниски каматни стапки, чија точна сума се уште не е позната, и долг мораториум на отплата.
Барселона должи 1,35 милијарди евра, што речиси ја парализираше и ја принуди да ги продаде и отпушти најскапите играчи.
Споменатата компанија и нуди мораториум за отплата на споменатиот заем за минимум две и максимум 12 години.
Ова значи дека Барселона не би морала ниту да започне со отплата на голем заем во споменатиот период.
Според изворот, инјектирањето милијарда и пол евра во клубот би се случило веднаш по одобрување од управата на клубот и значи дека Барселона повторно би била експресно ликвидна. Поточно, би можело да започне со зајакнување на тимот веќе во зимскиот преоден рок.
Предлогот за заем го разгледуваат претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, потпретседателот Едуард Ромеу, кој е задолжен за финансиите во клубот и извршниот претседател Феран Ревертер.
Тие ги проучуваат деталите и условите и ќе одлучат дали ќе ја прифатат понудата.