Наполи залудно победи на „Сан Сиро“ против Милан кога веќе во следното коло, вечерва, загуби во Неапол од Специја со 0-1. Хуан Жесус си постигна автогол во 37.минута, а „наполитанците“ не успеаја да одговорат до крајот на мечот.
Елиф Елмас доби шанса во 78.минута на местото на Станислав Лоботка, и имаше една прекрасна шанса, кога со глава биеше во пречката.
Милан го искористи поразот на Наполи и славеше со 2-4 на гости против Емполи и повторно е на втората позиција со 42 бода.
Франк Кеси беше двоен стрелец за „росонерите“, а погодија и Алесандро Флоренци и Тео Хернандез. За Емполи стрелаа Бајрами и Пинамонти.