Арсенал оствари четврта победа во низа откако во драматичен натпревар го совлада Лутон како гостин со 4-3.
Тоа е прв триумф на „топчиите“ против овој ривал на неговиот терен по пауза од 40 години, со гол во седмата минута од судиското продолжение во второто полувреме. Херој на Арсенал беше Деклан Рајс кој со висок скок по центаршутот од Одегард го совлада домашниот голман.
Фудбалерите на Арсенал два пати водеше, со головите на Мартинели и Габриел Жезус, Лутон израмни преку Ошо и Адебајо, а Баркли во 57. минута првпат го донесе домашниот тим во водство, со 3-2. Хаверц израмни, а кога сите очекуваа двете екипи да освојат по еден бод, Рајс се погрижи за победа на топџиите од Хајбери. Со тоа го спаси и голманот Раја кој доби шанса на овој натпревар, но немаше своја вечер и беше директен виновник за два гола на противникот.
Ова е четврти триумф на Арсенал со гол во последните моменти од своите натпревари оваа сезона. Против Јунајтед погоди во 96. и 101. минута, против Сити во 86., а против Брентфорд во 89. минута. Дури и против Челси освои бод по негатива од 0-2 и со гол за израмнување во 84. минута.