Уругваецот Тореира погоди во 70-та минута, кога Фиорентина на „Артемио Франки“ беше бројчано надмоќна, откако Болоња четири минути пред полувремето остана со десетмина во поле. Кевин Бонифаци во 23-та и во 41-та минута доби по еден жолт картон, а со тоа и исклучување, по што Болоња не можеше да одолее до крајот за да извади барем бод.
Фиорентина со победата, 14-та сезонава, дојде до 46 бода на осмото место колку што има и Лацио на седмото, само бод помалку од Аталанта и Рома. Болоња, пак, го запиша 13-от пораз сезонава и остана на 33 бода на 12-то место, 11 од опасната зона.