Манчестер Сити работи на нов договор за Фил Фоден. Најдобриот изданок од академијата на англискиот шампион прерасна во сериозен офанзивен играч за врска по европски стандарди. Начелен договор за новата соработка е веќе постигнат, а тоа би требало да значи дека Фоден ќе потпише нов договор пред Светското првенство во Катар.
Останува да се договорат последните детали од новиот шестгодишен договор, според кој младиот Англичанец ќе заработува речиси четири пати повеќе од досега.
Платата на Фоден моментно е околу 60.000 фунти неделно и кога ќе се обврзе на лојалност до 2028 година, неговата плата ќе скокне на 220.000 фунти седмично. Тоа ќе го направи еден од најплатените играчи на Манчестер Сити.
Во превод, „граѓаните“ на Фоден во дадениот период ќе потрошат речиси 65 милиони фунти.
Фоден досега за Манчестер Сити одигра 179 натпревари и постигна 48 гола, со 35 асистенции. Тој е речиси сигурно идниот капитен на клубот во кој израсна, како и на репрезентацијата на Англија.