Екипата на белградски Партизан го сочува домашниот терен и во најефикасниот натпревар меѓу двете екипи изминатите години триумфираше над големиот ривал Црвена Звезда (2-1), во последното коло пред паузата во српскиот фудбал.
Белградските ривали одиграа динамичен натпревар со доста шанси и на двете страни, дуелот го добија „црно-белите“ и славеа над ривалот за првпат по четири години во рамки на Суперлигата. Последната победа на Партизан над Црвена Звезда беше во 2019 година.
Победата на црно-белите ја најави израелскиот интернационалец Натхо Бибас кој во 41. минута од пенал донесе водство од 1-0 за домашниот тим на „ЈНА“. Во 66. минута во второто полувреме, бразилецот Салдања по асистенција на Захид зголеми на 2-0.
Црвена Звезда постигна почесен гол преку Ндиаје во 71. минута, но тоа беше се од Звезда, иако црвено-белите имаа повеќе шанси да израмнат и дома да си заминат непоразени. На овој натпревар ѝ беше поништен еден гол на Звезда со ВАР кој го даде Хванг.
Партизан ја завршува есенската полусезона на првото место со 47 бода, пред Црвена Звезда со 46 бода. Суперлигата на Србија за вечните ривали продолжува во месец февруари.