Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Аврамовски продолжува со позитивните игри во дресот на Сараево. Искусниот офанзивец по неколкуте запишани асистенции го постигна и деби-голот во дресот на новиот клуб, каков што сигурни не можеше ниту да замисли.
Во 28. минута од Куп-натпреварот со Игман, поранешниот играч на Вардар најдобро се снајде во една мешаница пред противничкиот гол и со гради од непосредна близина ја смести топката во празната мрежа.
До крајот на натпреварот Сараево постигна уште еден погодок и е многу блиску до пласман во финалето во Купот.