Евертон направи големо изненадување победувајќи го Арсенал со 1:0. Тимот од „Гудисон Парк“ повеќе од три месеци немаше победа во официјален меч, но денеска ги израдуваа своите фанови.
По еден добро изведен корнер, Џејмс Тарковски со глава го матираше гостинскиот голман за водство во 60 минута. На крајот, тој потег се покажа и како клучен за победа на Карамелите.
На клупата на Евертон за прв пат седеше новиот тренер Шон Дајш, кој пред неколку дена изјави дека верува во играчите и дека потребно е само време да блеснат. Тоа се случува во вистинско време, против лидерот во Премиер лигата Арсенал, кој пред овој дуел беше елиминиран и од ФА Купот по поразот од Манчестер сити.