Матео Ретеги ги освојува  симпатиите на спортската јавност, откако како анонимус од Аргентинското првенство доби шанса да игра за Италија и постигна два гола на првите два дуели за репрезентацијата. Роберто Манчини го откри младиот напаѓач, кој прикажува одлични игри на терените во Аргентина.

На натпреварот меѓу Тигре и Атлетико Ланус, младиот Ретеги беше фудбалерот што го реши дуелот со гол во 99. минута. Тигре дојде во водство преку Кастро, а Диаз донесе израмнување за Ланус, а во судиското продолжение на сцена стапи новиот Италијански репрезентативец.

https://youtu.be/x0Z-faKLicU

Победоносниот погодок на Ретеги предизвика вистински делириум на трибините, со познатиот аргентински жар понуди одушевување, песна и огромно славје кое може да се види само во Јужна Америка.