Далас маверикс загуби уште еден натпревар во НБА-лигата, и тоа во драматичен финиш и промашената тројка на Лука Дончиќ против Атланта хокс (130-132).

МекГи претходно пропушти да го израдува Далас, откако го погоди само второто слободно фрлање за да избори продолженија за својата екипа на 0,4 секунди пред крајот, по што Дончиќ имаше можност во продолженијата да го израдува својот тим, но не успеа во намерата.

Кајри Ирвинг постигна 41 поен и пет скокови, додека Дончиќ го заврши натпреварот со 22 поени, седум скокови и седум асистенции.

Кошаркарите на Денвер нагетс конечно триумфираа против актуелниот шампион Голден Стејт вориорс со 112-110, иако на паркетот немаа помош од Никола Јокиќ, кој веќе трет меч паузира поради повреда на мускул во ногата.

Во отсуство на Јокиќ, на паркетот блесна Мајкл Портер Џуниор со 29 поени и 11 скокови, додека Мареј постигна 26 поени и осум асистенции.

Останати резултати:

Сакраменто – Сан Антонио 134-142
Орландо – Детроит 128-102
Хјустон – Лејкерс 109-134
Оклахома – Феникс 118-128
Милвоки – Филаделфија 117-104