Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер убедливо загубија на домашен терен од Минесота Тимбервулвс со 138:101, иако во еден момент имаа седум „играчи“ на паркетот и со тоа го спречија кошот на гостите, а играта продолжи уредно.
Двајца дополнителни „играчи“ беа чистачите на паркет кои истрчаа да го избришат подот кога Тандер тргна во напад. Но, гостите брзо ја украдоа топката, а Џордан Меклафлин се упати кон контра и налета на еден од чистачите, кој беше свртен со грбот и не виде што ќе се случи.
Играчот на Минесота сепак ја шутираше кон кошот и промаши, а одбиената топка ја промаши и Д’Анџело Расел, веројатно попречен од друг чистач, кој бегаше од него.
Коментаторите останаа шокирани што судиите не ја прекинаа играта и досудија техничка грешка на домаќините.