Феникс дојде до мала одмазда против Далас за ланската елиминација во плејофот, славеше со 107-105 на првиот сезонски натпревар и тоа откако се врати од негатива од 22 поени.

Лука Дончиќ имаше 35 поени за Маверикс, но ниту тоа не беше доволно за неговиот тим да дојде до победата. Словенецот се обиде и од огромна далечина да постигна тројка со звукот на сирената, но не погоди. Кристијан Вуд имаше одлично деби за Далас со 25 поени и осум скока. Во таборот на Санс, Девин Букер со 28 поени беше најиефикасен.

Реконструираниот тим на Јута стартуваше со голема победа против еден од фаворитите за титулата Денвер со 123-102. Колин Секстон со 20 поени и Лаури Марканен со 17 го предводеа Џез до триумфот. Никола Јокиќ имаше 27 поени за Нагетс, а Арон Гордон постигна 22.

 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит – Орландо 113-109
Индијана – Вашингтон 107-114
Атланта – Хјустон 117-107
Бруклин – Њу Орлеанс 108-130
Мемфис – Њујорк 115-112 (пп)
Мајами – Чикаго 108-116
Торонто – Кливленд 108-105
Минесота – Оклахома 115-108
Сан Антонио – Шарлот 102-129
Сакраменто – Портланд 108-115