Ова е прва сезона на стоперот во првиот тим на лисабонскиот гигант, а доби шанса на натпреварите поради повредите на двајцата дефанзивци Лукас Верисимо и Жоао Виктор. Тој максимално ја искористи минутажата за да се докаже, а особено блескаше против ПСЖ во Лигата на шампиони.
Токму поради ова челниците на францускиот тим веднаш покажале интерес да го купат младиот стопер, кој во својот договор има клаузула од 100 милиони евра. ПСЖ сака да дејствува брзо и да го обезбеди потписот на Силва, но тој би останал на позајмица во Бенфика до крајот на сезоната, а можеби и за идната сезона 2023/2024.