Кошаркарите Кајри Ирвинг и Бем Адебајо со звукот на сирената донесоа победи за Далас Маверикс и Мајами Хит во НБА лигата, но во најсилниот кошаркарски шампионат на светот се одиграа и други средби на кои видовме историски настап и тоа во режија на талентираниот француски џин Виктор Вембањама од Сан Антонио Спарс.
Клубот од Тексас го доби најинтересниот дуел на денот и славеше против Бруклин Нетс со 122:115 после продолженија, пресметка во која Виктор испиша историја.

Французинот стана прв играч со +30 поени, +15 скокови, +5 асистенции и +5 блокади со 50 проценти шут од поле. Најголема поддршка му беа Васел и Џонсон кои заедно искомбинираа 49 кошеви. Кај Нетс кои го претрпеа 42 пораз во сезоната Томас беше автор на 31 поен.

 

Атланта Хоукс пак го изненади Лос Анџелес Клиперс на негов терен со 110:93. „Јастребите“ беа подобри во три од четирите четвртини и заслужено дојдоа до славје во кое петмина играчи беа двоцифрени.

На другата страна Ленард и Џорџ немаа помош, па залудни беа нивните 28 и 26 поени.