Тажна вест за светската, европската, југословенската кошарка. Денеска, во 78. година од животот, од последици на појава на вода во белите дробови и херпес, во болница во Белград, почина великанот на кошаркарската игра, Душан „Дуда“ Ивковиќ.
Душан Ивковиќ е роден во Белград на 29. октомври, 1943 година, Беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња.
Секако, најуспешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските шампионати на кои освојуваше медали во Загреб (1989), Рим (1991) Атина (1995 година).
Беше селектор и на репрезентацијата на Србија од 2008 до 2013 година, за тоа време го освои среброто на ЕП и беше четвртти на Светскиот шампионат во 2010 година.
Тренерската кариера ја заврши во 2016 година, го водеше ревијалниот меч во знак на простување против Олимпијакос на 20 септември, 2017 година.
Како кошаркар, играше на позицијата на бек, а како требер го водеше белградски Партизан, Арис, Раднички од Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва, и Анадолу Ефес.
Со репрезентацијата освои три европски злата и едно сребро, едно светско злато, сребро на Олимпските игри и злато на Универзијадата.
На клупско ниво, Евролигата ја освои во два наврати, беше победник и на Купот „Радивој Корач“, Купот „Рајмондо Сапорта“, УЛЕБ купот. Со своите клубови беше првак на Југославија, Грција и Русија. Во овие земји го освојуваше Купот и Суперкупот.