Натпреварот во забивање на НБА Ол-старот налути многу љубители на кошарката.
Оби Топин, крилниот центар на Њујорк Никс, победи во натпреварот во забивање во саботата навечер.
Настапот на Топин не беше ни толку лош, но останатите учесници благо кажано, разочараа.
Ќе се пријавам за натпреварот во забивање следната година“, изјави Вернон Максвел, популарниот „Мед Макс“, 56-годишен поранешен НБА играч и двократен шампион со Хјустон Рокетс.
„Ова е најлошото натпреварување во забивање досега“, изјави познатиот новинар Скип Бејлс, а и Роб Перез не остана должен и се пошегува за лошото натпреварување во забивање.