Плејмејкерот, кој игра како позајмен кошаркар од шпанска Валенсија, средбата ја заврши како втор стрелец во својот тим со 17 поени (6/11 од поле) и додаде дури девет асистенции. Тој беше смирен во клучните моменти од линијата за слободни фрлања не дозволувајќи му ја противникот да направи пресврт во пенал-завршницата.
Претходно, Димитрјевиќ беше феноменален во дуелот против Партизан во борбата за третото место на ВТБ-купот, меч во кој постигна 30 поени