Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски пружи уште една квалитетна партија за својот тим Вашингтон Стејт Универзитетот на дуелот со Калифорнија.
Вашингтон победи со резултат 65:57, а Јакимовски постигна речиси четвртина од поените на ВСУ 16, со кои беше прв стрелец во тимот и постави личен рекорд оваа сезона. Освен тоа, додаде уште седум скока за да го комплетира одличниот впечаток.
Јакимовски на теренот помина 30 минути. За тој период погоди четири тројки од седум удари.