Чикаго булс триумфира во синоќешниот дуел против Орландо меџик (128-109), а еден од најзаслужните за тоа беше и црногорскиот центар, Никола Вучевиќ.

Тој средбата ја заврши со 26 поени и 13 скока и беше веднаш зад доминантните во тимот на „биковите“, Зек Лавин и Демар Дерозен, кои реализираа по 32 поени. Мо Вагнер со 27 поени беше најпрецизен кај „магичните“.

 

Бојан Богдановиќ, не беше на вообичаеното ниво, што резултира со пораз на неговиот Детроит пистонс во дуелот со Хјустон рокитс (114-117) и тоа после голем пресврт. Фаворитот имаше и двоцифрена предност, но „ракетите“ успеаја да се вратат, а на крајот дури и да триумфираат. Хрватскиот репрезентативец постигна 18 поени, но со шут 6/18 од поле.

 

Далас маверикс загуби на гостувањето кај Јута Џез (100-108), во меч во кој гостите настапија без својот најдобар играч, Лука Дончиќ. „Џезерите“ ја имаа контролата од самиот старт, постојано водеа и апсолутно заслужено стигнаа до победата. Најефикасен на теренот беше Динвиди од Далас со 35 поени, додека Марканен  кај Јута со 29 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Денвер 126-119, Бруклин – Њујорк 122-115, Детроит – Хјустон 114-117, Орландо – Чикаго 109-128, Атланта – ЛА Клиперс 113-120, Минесота – Сакраменто 117-110, Њу Орлеанс – Вашингтон 103-113, С. Антонио – Феникс 118-128, Бостон – ЛА Лејкерс 125-121, Јута – Далас 108-100, Портланд – Торонто 105-123.