Извонредниот Македонец средбата ја заврши со 22 поени, што е негов личен поентерски рекорд во двегодишната кариера во НЦАА-лигата.

Јакимовски за триестина минути на паркетот постигна пет тројки од десет обиди, а имаше и седум скокови и три асистенции.