Кошаркарите на Цедевита славеа со 85:97 на гостувањето кај Валенсија во натпреварот од осмото коло од групата Б во Еврокупот.
Цедевита во првата четвртина стигна до двоцифрена предност, за Валенсија да се врати во втората четвртина и да го свртирезултатот.
Но, избраниците на Јурица Големац не пропуштија нова можност, па во третата делница се одвоија и таа предност ја задржаа до крајот.
До победата ги предводеше Јака Блажиќ со 24 поени и пет асистенции, додека Јоги Ферел мечот го заврши со 15 поени и осум асистенции.
Двоцифрен беше и Едо Муриќ со 15, а Џејкоб Пулен постигна 13 поени.
На спротивната страна се истакна Ван Рос со 13, додека еден поен помалку имаше Препелиќ. Ненад Димитријевиќ за 11 минути на паркетот постигна 5 поени а имаше и 1 скок и 1 асистенција .
Ова е трета победа за Цедевита сезонава, додека Валенсија со меч помалку е на прагот од четири победи и три порази.