Екипата на Анадолу Ефес победи во дербито на Истанбул против Фенербахче со 82-80 и сега е во одлична позиција за освојување на десеттото место на табелата во Евролигата.

Во пресрет на последното коло, „пиварите“ имаат една победа повеќе од конкурентите, а идната недела на домашен терен ја пречекуваат Црвена Звезда. Тоа значи дека Партизан, кој е најблиску до Ефес, сега зависи од својот градски ривал од кого ќе очекува победа за место во плејинот.

 

 

Натпреварот во Истанбул беше драматичен до последната секунда, на околу 1:30 минута пред крајот Ефес водеше со 76-69, но Фенербахче, кому мечот му беше важен за што подобар пласман пред плејофот, се доближи на само еден негатива на шест секунди пред крајот (80-81). Хејс-Дејвис во последните моменти шутираше тројка за победа, но беше непрецизен.

За Анадолу Ефес ова беше четврта победа по ред, а Фенербахче по се изгледа ќе го освои шестото место и нема да ја има предноста на домашен терен во првата рунда од плејофот.

РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Анадолу Ефес 80-82
Баерн – Панатинаикос 75-82
Олимпија Милано – Виртус 90-75
Реал – Басконија 91-95