Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски имаше уште едно блескаво издание во дресот на Вашингтон Стејт.
Вашингтон победи на гостувањето кај Орегон Стејт со 64-58 и остана во игра за првото место во својата конференција, а Јакимовски даде огромен придонес во триумфот. За 35 минути во игра, Јакимовски постигна 15 поени, сите од удари за тројка и беше втор стрелец во својот тим, зад Велс кој реализира 24 поени.
Токму Јакимовски го реши прашањето околу победникот бидејќи по 56-53 за Вашингтон Стејт, погоди две тројки по ред и го однесе тимот на безбедни +9.
Македонскиот репрезентативец ја игра најдобрата сезона во НЦАА и просечно постигнува по 10,5 поени и 5,7 скока со шут за тројка од 34,6%. Следниот меч за Вашингтон Стејт е утре вечер, против Орегон, повторно на гостински терен.