Лука Дончиќ маестрално го заврши декември кој беше неверојатен месец за него. Словенецот синоќа беше главен на теренот во триумфот на Далас од 132-122 на гостувањето кај Голден стејт Вориорс.

Дончиќ постигна 39 поени, имаше 10 асистенции и осум скокови. Тој стана вториот играч во историјата на НБА со просек од 35+ поени, 8+ скокови и 10+ асистенции за еден месец. Тој му се приклучи на Оскар Робертсон кој таков учинок имаше во декември 1960 година.

Во составот на Голден стејт, Стеф Кари беше најефикасен со 25 поени.

 

Детроит конечно ја прекина неверојатната серија порази која дојде до 28 по ред. Синоќа го совладаа Торонто со 129-127. Канингем со 30 поени и 12 скокови беше најдобар кај домаќините, за канадскиот тим Сиакам постигна 35 поени.