Македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ игра на високо ниво, во екипата на бранителот на титулата во ВТБ лигата. Уникс Казан ја оствари шестата победа во низа, триумфирајќи на гостувањето кај Нижни Новгород со 70-61.
Со тоа, Уникс ја продолжува потерата по лидерот ЦСКА зад кого заостанува две победи по 19 одиграни кола. Победникот беше одлучен во последната четвртина во која гостинскиот тим ја зацврсти одбраната и прими само седум поени (14-7).
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра на своето ниво. За 24 минути игра постигна 13 поени и 5 асистенции со шут од игра 5/12 и 2/2 од линијата за слободни фрлања.