Во натпреварот од првото коло од Кошаркарското првенство на Македонија ,во Кавадарци тимот на Еуро Никел беше подобар од екипата на Гостивар со 88:77 .
Првото полувреме беше израмнето , првата четвртина им припадна на гостите од Гостивар со 21:24 , а домаќинот возврати во вториот период со 25:20 по што на полувреме замина со минимална предност од 46:44 .
Во третиот период Гостиварци заиграа подобро и во 29 минута стигнаа до предност од пет поени , 68:63 . Тренерот на домаќините Горан Самарџиев беше принуден да повика тајмаут после кој тимот на Еуро Никел заигра многу подобро и поефикасно во нападот и доста поангажирано во одбраната која им дозволи на гостите да реализираат само пет поени во последниот период .
Најефикасен во домашниот тим беше големото засилување Предраг Самарџиски со 21 поен , Дарко Соколов заврши со 18 поени, додека Калахан даде 16.
Кај Гостивар, Тодоровиќ и Ефремовски беа најефикасни со по 21 поен