Со заминувањето на Лионел Меси, талентираниот 18-годишник го доби дресот со број 10 и од него се очекуваат големи работи во иднина.
Барселона прави се за да го продолжи договорот со Фати и со тоа да го обезбеди за во иднина, каде што го гледаат како предводник на новата Барселона.
Сепак, летото 2019 година, Фати беше подготвен да ја напушти Барселона, а неговиот нов тим требаше да биде Ница.
Таткото на младиот фудбалер на Барселона се согласи на сите услови, тој дури и се фотографираше со дресот на Ница, кој беше девет, но трансферот пропадна од бизарна причина.
Ансу имаше проблем со својот пасош кој не можеше да се реши и на крајот трансферот во Ница пропадна поради тоа.
Се разбира, 18-годишниот напаѓач сега е многу побаруван отколку во 2019 година и големи имиња сигурно ќе застанат на ред ако Барса не успее да го продолжи договорот со овој играч.
Ансу Фати е најмладиот стрелец во историјата на каталонскиот великан (16 години и 304 дена), а има одиграно вкупно 43 пати и постигнато 14 голови.