Тимот на Ајакс гостуваше кај Хераклес и победи so 4-3, но натпреварот го одбележа вториот гол на домашниот тим, постигнат во 28. минута.

Стрелец беше Марио Енглес кој украде една топка на својата половина и оттаму изненадувачки шутираше кон противничкиот гол. За Ајакс бранеше 41-годишниот Ремко Пасвер кој не успеа да реагира и му овозможи на Енглес да го постигне голот на сезоната во Ередивисие.

 

https://twitter.com/i/status/1847986356229685428

За негова среќа, до крајот Ајакс го сврте резултатот и благодарение на двата гола на Вегхорст во второто полувреме дојде до триумф од 4-3, но и натаму заостанува 11 бода во однос на лидерот ПСВ иако со два натпревара помалку.