Екипата на Фиорентина на гостински терен го декласира Лече, славеше победа со високи 6-0.

„Виолетовите“ им одржаа час по фудбал на домаќините, но победата можеби немаше да биде толку убедлива ако Лече во 43. минута не останеше со играч помалку, црвен картон заработи Антонио Гало.

Пред тој момент Фиорентина веќе водеше 2-0 со головите на Данило Каталди и Андреа Колпани. Набрзо по црвениот картон Фиорентина постигна и трет гол, стрелец повтроно беше Каталди од слободен удар.

Во вториот дел гостите од Фиренца постигнаа уште три гола. Колпани постигна втор гол, а погодија уште Лукас Белтрани и Фабиано Паризи.

Веднаш за Фиорентина, исто така со 13 бода е екипата на Аталанта, која по петте гола против Џенова, беше сигурна на гостувањето кај Венеција и оствари победа со 0-2.

Трите бода за тимот од Бергамо ги обезбедија Пашалиќ со гол во првото полувреме и Ретегуи кој постигна гол по само две минути игра во вториот дел.