Саудиски Ал Ахли во пријателски натпревар го совлада катарски Шамал со 5-0, а во почетниот состав на Ал Ахли беше нашиот Езгијан Алиоски.
Алиоски се најде меѓу стартерите во својот тим и покрај себе имаше неколку познати имиња со искуство од Премиер лигата, како Роберто Фирмино, Едуард Менди, Ријад Марез и Алан Сен Максимен кој дојде од Њукасл. Фирмино даде два гола, а и Французинот Сен Максимен се запиша во листата на стрелци.
Тренер на Ал Ахли е 35-годишниот Германец Матијас Јаисле, кој во минатата сезона го водеше австриски Салцбург.
Иако имаше најави дека Алиоски сигурно ќе си оди, сепак вклучувањето на Џани во почетните 11 покажува дека Јаисле не планира толку лесно да се откаже од македонскиот лев бек.