Челзи оствари важен триумф (1-2) на гости против Брајтон и направи голем чекор напред кон пласман во Лига Европа. На коло пред крајот е на шестата позиција со 60 бода и потребен му е бод во последното коло за да ја оствари целта.
Кол Палмер во 34.минута го доведе Челси во водство, а Кристофер Нкунку во 64.минута зголеми на 0-2. Ријс Џејмс во 88.минута доби црвен картон, а Дани Велбек во судиското продолжение постигна почесен погодок за Брајтон.
Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го победи Њукасл со 3-2. Маину во 31.минута донесе предност за „ѓаволите“, но израмни Гордон на 1-1.
Дијало во 57.минута повторно обезбеди водство за Манчестер Јунајтед, а Хојлунд зголеми на 3-1 во 84.минута. Њукасл постигна уште еден гол преку Хол, но бодовите му припаднаа на домаќинот.
Сега двете екипи имаат по 57 бода, а Јунајтед има две шанси да дојде до европските купови. Едната е да го победи Сити во финалето од ФА Купот, а другата в недела да го победи Брајтон како гостин, а Њукасл да загуби од Брентфорд.