Полскиот интернационалец Роберт Левандовски ќе го напушти Баерн Минхен ова лето е ќе се пресели во Барселона. Радио телевизија Полска има ексклузивни информации дека репрезентативецот се откажал од преговорите за продолжување на соработката со Баерн и тоа му го соопштил на функционерот на клубот од Минхен, Оливер Кан.
Полјаците тврдат дека Левандовски по истекот на актуелниот договор со Баерн ќе игра за Барселона. Левандовски наводно е разочаран од односот на челниците на Баерн Минхен. Тој смета дека клубот не направил доволно за да го задржи и по истекот на договорот, кога ќе има 34 години.
Очигледно на Барселона тоа не и пречи, Чави има идеја да го спои со Пјер-Емерик Обамејанг како класичен напаѓач, а тоа ќе биде „римејк“ на партнерството меѓу двајцата поранешни играчи на Борусија Дортмунд.
Левандовски постигна дури 340 гола на 369 натпревари во Баерн Минхен.