Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва го открија златниот пехар на ФИФА, денеска во скопска Пивара, на турнејата на пехарот низ светот во пресрет на СП во Катар.
Скопје и Македонија првпат се дел од ваква турнеја на пехарот, која е петта откако Кока Кола е спонзор на турнејата.
Легендарниот Силва притоа му даде мала реплика од трофејот на претседателот Пендаровски.