Белгискиот интернационалец Кевин де Бруин, член на Манчестер Сити, е прогласен за најдобар играч во Премиер – лигата за сезоната 2021/22. Утре се игра последното премиерлигашко коло во кое ќе се решава и шампионот. Манчестер Сити влегува со предност во однос на Ливерпул.
Де Бруин вторпат го добива признанието за најдобар фудбалер во Премиер – лигата. Во конкуренција беа и Мохамед Салах, Хјонг – Мин Сон, Жоао Кансело, Трент Александер – Арнолд, Џерод Боувен, Бакајо Сака и Џејмс Ворд – Праус.
https://twitter.com/premierleague/status/1527997645842698241?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527997645842698241%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfudbal.mk%2Fkevin-de-bruin-izbran-za-najdobar-igrach-vo-premier-ligata%2F