Коман и Кејн на стартот на натпреварот ја погодија мрежата на Мајнц за водство од 2-0, по што Мајнц намали на 1-2 со голот на Ентони Каси и ја врати резултатската неизвесност.
Горецка во 59. минута го постигна третиот гол за баварскиот гигант со што ја обезбеди победата на Баерн Минхен.
Баерн е трет на табелата со 20 бодови, а пред него се Штутгарт со 21 и Баер Леверкузен со 22 на врвот на Бундеслигата.