Фудбалерите на ПСЖ извојуваа нова сигурна победа над екипата на Стразбур и победија со 3-0. Парижаните уште во првиот дел ја осигураа победата, а во вториот дел одиграа рутински и го заверија триумфот.

Килијан Мбапе реализира удар од белата точка уште во 10. минута, а Шпанецот Карлос Солер го зголеми водството дваесетина минути подоцна. На паузата ПСЖ водеше со 2-0.

 

Во второто полувреме актуелниот шампион одигра рутински, а Стразбур се обидуваше со повремени контра напади да го загрози голот на Донарума. Сепак, гостите ниту еднаш не се заканија посериозно, а тоа отвори простор за заверка на победата на ПСЖ. Фабиан Руиз погоди во 77. минута и постигна убав гол за конечни 3-0 и вкупно петта победа во новата сезона.

Неверојатниот Килијан Мбапе на овој натпревар влезе во историјата и стана прв играч од ТОП-5 лигите кој успеал пред 25-годишна возраст да постигне 172 гола, минувајќи го на оваа листа Џими Гривс, кој го држеше овој рекорд од далечната 1965 година. Со оваа победа, „светците“ на Луис Енрике привремено се на врвот на табелата со 18 бодови.