Вест хем ја врза втората победа во англиската Премиерлига, откако со пресврт славеше против Фулам (3-1), додека до три бода стигна и Кристал Палас, кој беше подобар од Лидс со 2-1.

Переира донесе рано водство за Фулам, но Боуен ја врати неизвесноста со погодок од белата точка во 29. минута.

„Чеканите“ го потврдија триумфот во второто полувреме во кое постигнаа уште два гола, и тоа најпрво преку Скамака во 62. минута, а потоа и преку Антонио во првата минута од судиското надополнување (3-1).

Лидс погоди во 10. минута за водство во Лондон од 1-0, но Едуард и Езе ги расплакаа гостите со по еден гол и така Кристал Палас победи по четири лоши резултати во Премиерлигата.