Аталанта има за што да жали бидејќи прокоцка сигурно водство од 2-0 против Удинезе, кој на крајот извлече реми (2-2), додека Монца беше сигурна против Специја со 2-0.
Муриел му асистираше на Лукмен во првиот дел за да ја затресе мрежата на Удинезе (1-0), по што асистентот при првиот погодок беше прецизен со удар од белата точка (2-0).
Удинезе почна да се буди во последниот половина час од средбата и создаде неколку добри шанси, а две од нив ги претвори во голови, и тоа најпрво преку Делофеу, а потоа преку Перез за конечни 2-2.
Аталанта е на врвот со 21 бод, односно еден повеќе од Наполи, Удинезе и Милан, кои се наоѓаат на делба на втората позиција.
Монца славеше против Специја на домашен терен со головите на Карлос Аугусто, а Мари ја потврди победата, додека во последниот меч од истиот термин Салернитана победи против Верона со 2-1.