Во првото полувреме паднаа три гола, и тоа прво Гамеиро стрелаше за водство на Стразбур во седмата минута, по што Хуноу погоди за 1-1, но несреќниот Блажиќ ја врати предноста за Стразбур во 33. минута со автогол.
Диало по 13 минути игра во вториот дел погоди за 3-1 и така го донесе гостинскиот состав блиску до три бода, а Блажиќ со нов гол, овој пат во вистинската мрежа, намали на 2-3.
Лориен беше подобар од Брест со 2-1, Клермон го реши Оксер со 2-1, додека Ница ја преживеа незгодната Троа (3-2).