Германскиот шампион Баерн Минхен ќе се согласи на заминување на својата најголема ѕвезда Роберт Левандовски само доколку клубот добие понуда не помалку од 40 милиони евра.
Истовремено, раководството нема намера да одговори позитивно на барањето на Левандовски за зголемување на платата.
Конечниот предлог на Баерн Минхен за нов договор вклучува понуда од 24 милиони евра годишно за Левандовски, колку што заработува и оваа година. За полскиот интернационалец е заинтересирана Барселона, а тој има договор до јуни 2023 година.
Левандовски оваа сезона одигра 42 натпревари за Баерн Минхен, постигна неверојатни 47 гола и забележа шест асистенции.