Без оглед што Мајнц доминираше на теренот, од 30-та минута беше во негатива откако Тусар погоди за водство на Херта, па домаќините постојано бркаа, но сѐ до судиското надополнување само еднаш успеаа директно во голот да се заканат. Сѐ до четвртата минута кога Цаци погоди за израмнување.
За Мајнц ова е второ реми, па со 11 бода е на шестото место, додека Херта го одигра третиот нерешен меч сезонава, втор во низа и со седум бода е на 12-та позиција.