Неверојатните шест минути на лондончани од 54-та до 60-та минута им ја обезбедија третата сезонска победа, откако негативата од еден гол на полувремето ја претворија во голема предност од два гола, откако Тете ја најави серијата, а Палиња со гол и потоа асистенција за Рид ја обезбеди победата.
Нотингем кој поведе со голот на Авониџи по 11 минути игра, после шокантните шест минути, преку О’Браен во 77-та се вратија во мечот, но не успеаа во завршните 15-на минути и дополнителното време да дадат и трет гол за да се спасат од пораз.
Фулам со оваа победа дојде до 11 бода и е вистински хит засега во Премиерлигата, позициониран на шестото место, додека Нотингем со четвртиот пораз во низа остана на само четирите досегашни бодови на претпоследното место.
Џејкоб Ремзи со голот четири минути пред полувремето ѝ ја донесе втората сезонска победа на Астон Вила, но најважно од сѐ, стави крај на кризата од четири меча без победа (три порази), откако со 1-0 славеше во вчерашната пресметка со Саутемптон.
Астон Вила со втората победа дојде до седум бода и се израмни со Саутемптон, а Њукасл и Борнмут имаат исто бодовно салд.