Алваро Негредо, поранешниот шпански репрезентативец и екс-ѕвезда на Севилја, Манчестер сити, Валенсија му донесе голема победа на Кадиз и тоа во 92-та минута од мечот на гостувањето кај Валјадолид со 1-0, на стартот на шестото коло во Ла Лига.

Голманот Ледесма блескаше на голот цел меч, собра шест интервенции, односно сѐ што директно Валјадолид шутна во рамките од неговиот гол, па кога домаќините не ги искористија своите шанси, Негредо брутално ги казни со голот во втората минута од судиското надполнување.

Кадиз имаше пет од пет порази и беше без бодови, па сега изненадувачки ги освои првите три, но остана претпоследен, бод зад вечерашниот ривал Валјадолид кој има четири и за нив ова беше четвртиот сезонски пораз, трет во последните четири меча.