Актуелниот германски првак Баер Леверкузен продолжува со победи и во првиот натпревар во 2025 година, славејќи голем триумф на дербито со Борусија во Дортмунд (2-3). Со овие три бода „фармацевтите“ се доближија на само еден бод до лидерот Баерн Минхен, но тимот на Винсент Компани има еден натпревар помалку. Борусија Дортмунд, пак, останува на шестата позиција, со можност за пад од неколку места.
Баер стартуваше фуриозно во дербито на „Сигнал Идуна Парк“ и во осмата минута дојде во водство од 0-2. Висок пресинг наметна четата на Алонсо, а по две украдени топки Баер постигна два гола. Првиот беше вистинско ремек-дело на Теља уште во првата минута, додека седум минути подоцна Хинкапие асистираше до Шик, а овој од чиста позиција стрелаше за 0-2.
Но Борусија не се предаваше и ја врати неизвесноста на натпреварот и навреме го сопре налетот на шампионот, откако Гитенс во 12. минута намали на 1-2. На спротивната страна веднаш стигна одговорот и по нова тимска акција Чехот Пстрик Шик одново го врати сигурното водство на својот тим.
Во вториот дел Борусија имаше целосна контрола на теренот и притискаше, но успеа само да се избори за пристоен пораз, откако Гираси од пенал ги постави конечните 2-3 за минимален пораз.
Сега актуелниот првак има само еден бод помалку од лидерот Баерн Минхен кого утре го очекува гостување кај Борусија Менхенгладбах.