Екипата на Тотенхем освои само бод на гостувањето кај Евертон (2-2), иако на двапати го имаше водството на „Гудисон парк“.
Ришарлисон по само четири минути ја погоди мрежата на неговиот поранешен клуб Евертон, но потоа Харисон ги врати „карамелите“ во игра со гол во 30. минута.
Бразилецот Ришарлисон повторно беше стрелец за гостите од Лондон во 41. минута кога го врати Тотенхем во водство од 2-1.
Евертон, сепак, до бод стигна во 94. минута кога Братвајт ја затресе мрежата на Тотенхем за конечни 2-2.
Тотенхем остана на четвртата позиција со 44 бодови, додека Евертон е на 17. место со 19 бодови во Премиерлигата.