Францускиот гигант Пари Сен Жермен ќе прави голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок, а еден од приоритетите на раководството е ангажманот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, српскиот интернационалец од „Олимпико“.

Тој има договор со Лацио до 2024 година и ова лето ќе влезе во последната година, па италијанскиот клуб е подготвен да ги разгледа понудите за негова продажба.

Лацио има финансиски проблеми и подготвен е да го продаде Србинот за сума од 80 милиони евра.

ПСЖ веќе стапил во контакт со агентите на српскиот репрезентативец и му нуди петгодишен договор со фантастични услови.