Фудбалерите на Реал Мадрид имаат проблеми со повреди пред големото дерби од 29. коло на шпанската Ла Лига.
Во недела од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе се одигра „Ел Класико“, можеби најголемото европско фудбалско дерби.
Мадриѓаните иако се први на табелата и во многу добра форма, имаат проблеми со повреди, па сигурно нема да им биде лесно в недела против најлутиот ривал.
Бразилецот Родриго мораше порано да го напушти натпреварот против Мајорка поради повреда, а истиот проблем е и со Ферланд Менди. Поради болест, Едер Милитао не го одигра натпреварот во понеделникот.
Сепак, најголем проблем за Анчелоти е повредата на Карим Бензема. Неговото отсуство против Барселона би било голем удар за амбициите на Реал, бидејќи тој игра фантастично во последно време.
На пет минути до крајот на дуелот со Мајорка , Бензема се здоби со повреда, но нејзината тежина ќе се знае дури по дополнителни тестови.