Барселона вчера не успеа да слави против Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето на Лига Европа, но Барселона од Еквадор не пропушти шанса и ја доби битката против Вандерерс во првото коло од Копа Судамерикана.
Ова е второ по ранг натпреварување во Јужна Америка, а Барселона победи со 4-2 во дуел во кој видовме страшна мајсторија во режија на ветеранот Дамијан Киту Дијаз.
Дијаз успеа да реализира директно од корнер и тоа по земја користејќи ја заспаноста на гостите на чело со голманот Де Аруабарена.
Интересно е што ова ремек дело на Аргентинецот дојде само три минути откако не реализираше удар од 11 метри со што можеме да заклучиме дека се извади на најдобар можен начин.